за

Во овие градови е најскап превозот со такси до аеродром

Најкомотен и најбрз начин да се пристигне од аеродромот до градот е превозот со такси. Цените на такси превозот се разликуваат од град до град. Овој превоз во Токио чини дури 225 евра.

Во истражувањето спроведено на глобално ниво се утврдија 15-те градови во кои што е најскапо со такси да се пристигне од аеродромот до градот. Прв на списокот е Токио. Кој ќе нарача такси превоз од аеродромот мора да смета дека на крајот на возењето ќе мора да плати 225 евра за услугата. Со 66 километри, оваа релација е воедно и најдолгата. Ако цената се сведе на километар, тогаш Копенхаген и Женева се поскапи од Токио. Во данската престолнина се плаќа 40 евра за релација од осум километри, што е околу 5 евра по километар. Во Женева, пак, километар чини 4,50 евра. Амстердам, Барселона, Париз и Мелбурн се на ниво на просекот, со цена на такси превоз од околу две евра по километар.

Разликите се најголеми во Европа. Во Брисел, на пример, превозот со такси од аеродромот до центарот на градот чини 35 евра за релација долга дванаесет километри. Истата цена се плаќа и во Атина, но таму релацијата е долга речиси 20 километри. Во Минхен е релативно поевтино. Во германскиот град се плаќа 1,60 евра за километар превоз со такси, односно 50 евра за целата релација од триесетина километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дизел произведен од цревни бактерии

Најиздржливите и најрасипливите модели според клубот ADAC