Кинезите работат на прототип на хипербрзински воз што лебди на магнетно поле и се очекува да биде пуштен во пробна работа до 2020 година. Еден кинески универзитет го развива најбрзиот воз со магнетна левитација на светот. Со брзини од преку 3.000 километри на час, кинескиот воз ќе биде трпати побрз од звукот. Возот ја постигнува рекордната брзина благодарение на тоа што е поставен во вакуумска цевка, каде што нема воздух да произведува отпор при движењето и да ја ограничува брзината, како што е случај кај „обичниот“ Маглев, како што кусо се нарекуваат возовите што лебдат на магнетно поле. Според Др. Зиганг од лабораторијата на Универзитетот Јиаотонг, тестирањата покажуваат позитивна насока и до 2020 година се очекува прототипот да биде пуштен во пробна работа во Кина. Видеото најдобро прикажува што може да се очекува.
















