Млазниот авион на Honda поаѓа на светска тура

Honda го исполни сонот на основачот на фирмата и по копното и водата го освои и воздушниот простор. Honda Jet појде на промотивна тура низ светот, со „посета“ на 13 држави и лет од преку 48.000 километри.

Од меѓународниот аеродром во Токио, познат и како аеродром Ханеда, започна светската тура на Honda Jet, лесниот бизнис авион со млазен погон на Honda. Во светската тура е предвидено млазниот авион да прелета повеќе од 48.000 километри и да ги „посети“ аеродромите во 13 држави, кадешто ќе бидат извршени демо-летови.

Со влегувањето во аеронаутичката индустрија, Honda ја освои и третата димензија, што било цел и на основачот на фирмата, Соичиро Хонда. Моторот е сопствен производ на Honda, со ознака HF120 GE и според конструкторите ќе постави нови стандарди во поглед на перформансите и комфорот во сегментот на лесните бизнис авиони со млазен погон. Авионите се новиот предизвик за Honda, покрај мотоциклите, автомобилите, бродските мотори и електричните апарати, роботиката и погонот на водород.

Претходна објаваLand Rover Defender се враќа во 2019 година
Следна објаваКатар со воен експерт во надзорниот одбор на Volkswagen

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here