за

Мебел за автомобилски вљубеници

Каде со автомобилите што се премногу вредни за на отпад, но повеќе не се возат? Една чешка фирма им дава втора шанса на овие автомобили – ги претвора во мебел.

Постојат луѓе што најмногу би сакале својот автомобил да го понесат со себе во дневната соба. Сега и тоа е можно, иако само во делови. Чешкиот производител Carsofa изработува гарнитури за седење и масички од вистински делови од автомобили, а ако некој посака, може да се користа и делови од сопствениот автомобил.

carsofa 1

Задниот дел од Mercedes од класата E може да заврши како кожен двосед или мотор V8 од BMW може да се претвори во клупска масичка. Овие уникати неретко достигнуваат вредност на користен автомобил. За двосед се потребни најмалку 4.000 евра. Повеќе може да се погледне на интернет страницата на производителот, на www.carsofa.cz.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Германија развива бензин од слама за едно евро од литар

Opel Monza Concept: Овој Opel погодува силно како молња