за

Мачка на жешкиот ламаринен покрив … на Opel

Марката од Риселсхајм ангажираше познат фотограф за новиот календар за Corsa. Моделот што позира покрај последниот модел на Opel сепак по малку се издвојува од вообичаената практика.

Модниот креатор и фотограф Карл Лагерфелд е автор на фотографиите за календарот со Opel Corsa за 2015 година. Моделот што тој го избра како носечки мотив на календарот сепак отстапува од очекуваното. Место супермоделка на којашто секој чекор по пистата ѝ чини по неколку илјади долари, Лагерфелд на фотосесијата ја донесе својата мачка. Нејзиното име е Шупет, потекнува од сортата бирмански мачки и има сопствен профил на Twitter со 42.000 фанови.

„Corsa којашто сега се појавува на пазарот во нејзината петта генерација, во минатите 32 години честопати беше инсценирана со голем број супермодели. Повисоко ниво од тоа можеше да се постигне само на еден начин, со Шупет,“ изјави Тина Милер, шефица за маркетинг. Според Opel, мачката вистински уживала на фотосесијата, но потоа морала да оддрема дванаесет часови. Работата во студио не е непозната за Шупет Лагерфелд. Познатата мачка има позирано во рацете на супермоделката Линда Евангелиста за насловната на германскиот Vogue. Шупет е втора мачка во главна улога во рекламите за Opel Corsa. Во првата генерација на моделот од 1982 година, мачорот Том го бркаше глувчето Џери по воланот на Corsa. Ниту супермоделките не недостигаат во животот на култното име на марката со молња во знакот. Во 19909-те години, Линда Евангелиста позираше пред камера заедно со Кристи Тарлингтон, Татјана Патиз, Кејт Мос и Наоми Кемпбел во спотот за Corsa.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вредноста на марката Kia порасна за 480 проценти од 2007 година

Audi со историски рекордна продажба во септември