за

Вредноста на марката Kia порасна за 480 проценти од 2007 година

Близу петкратно зголемување на вредноста на марката Kia во период од само седум години

Во денес објавената листа на најдобрите светски брендови, Kia е автомобилска марка со најголем пораст на вредноста во период од седум години. Марката моментно вреди 5,4 милијарди евра.

Корејската марка Kia напредуваше девет места на листата на „Најдобри светски брендови 2014“. Со проценета вредност од 5,4 милијарди долари, Kia е на 74-то место меѓу стоте највредни трговски имиња во светот. Експертите на агенцијата Interbrand како особено интересен го наведуваат фактот дека вредноста на Kia пораснала за дури 480 проценти во споредба со 2007 година. Марката сестра на Hyundai се најде првпат меѓу стоте најголеми марки во 2012 година, на 83-то место, со вредност од 4,1 милијарди долари.

Највредна марка во светот и натаму е Apple, со проценета вредност од 118,9 милијарди долари, пред Google со вредност од 107,43 милијарди евра. Дури на третото место е вредноста на трговското име на Coca Cola, со 81,563 милијарди евра. Највредна автомобилска марка е Toyota на осмото место, а пласманот на следните марки од браншата на четири тркала е следниот:

10 (11) Mercedes-Benz 34,338 милијарди евра
11 (12) BMW 34,214
20 (20) Honda 21,673
31 (34) Volkswagen 13,716
39 (42) Ford 10,876
40 (43) Hyundai 10,409
45 (51) Audi 9,831
56 (65) Nissan 7,623
60 (64) Porsche 7,171
74 (83) Kia 5,396
82 (89) Chevrolet 5,036
91 (–) Land Rover 4,473

(во заграда е пласманот од минатата година)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој автомобил троши три литри и чини само 6.800 долари

Мачка на жешкиот ламаринен покрив … на Opel