за

Маратонско возење на Land Rover: За 50 денови до Мумбаи

Марката со теренските автомобили си постави нов предизвик. За 50 денови треба да се совладаат 15.000 километри, низ 11 држави и 46 културни средини, до целта во индискиот Мумбаи.

Германија, Полска, Украина, Русија, Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Кина, Непал и Индија – тоа се единаесетте земји што треба да ги совладаат Range Rover Evoque и пратечките возила Land Rover Discovery до средината на октомври. На долгото патување што денес почна во германската престолнина претстојат бескрајните ширини во Источна Европа, степите во Централна Азија, пустините во Кина, највисоките планини на светот во Хималаите, крајбрежјата на Црното, Каспиското и Арапското Море, плодните долини на Крим и во Индија, напуштени села и мегалополиси.

land rover brandenburska porta

Evoque ја заслужи честа да биде носител на оваа авантура како моментно најуспешен модел на Land Rover. Компактниот спортски теренец на база на Land Rover Freelander за две години се продаде во повеќе од 170.000 примероци. Моделската изведба што учествува на Land-Rover Experience Tour 2013 е Range Rover со три врати и мотор SD4 со 190 КС. Со неодамнешното моделско освежување, Evoque вози со деветстепен автоматски менувач, кој доживува премиера во спортски теренец. Други новитети се погонот Active Driveline, со кој погонот на сите тркала се вклучува по желба на возачот и системот Torque Vectoring за подобрување на тракцијата и стабилноста во свијоци. Овие новитети ќе бидат достапни во моделите чија што испорака ќе почне во ноември.

На 12 учесници им се посреќи да седнат во Evoque, по долга и тешка квалификациска фаза. За учество на маратонската тура се пријавија 30.000 кандидати, од кои по повеќе регионални квалификации беа избрани 60 финалисти. Во финалето што се возеше во каменолом во близина на Диселдорф се решаваше кој на крајот ќе учествува на турата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Volvo ќе го покаже новото лице во Франкфурт

Електричниот Golf чини 28 денари за 100 километри