за

Малечок теренец од Fiat доаѓа во 2014 година

Fiat развива малечок спортски теренец кој што ќе се продава како Fiat и како Jeep. Производството на моделот ќе биде во фабриките на концернот во Италија.

Италијанскиот концерн планира годишна продукција од 280.000 возила од новиот модел, од кого што 150.000 примероци ќе се произведат под марката Jeep, а 130.000 како Fiat. Моделот под американската марка чие што име уште не се открива ќе почне во јуни 2014, а Fiat 500X ќе стартува три месеци подоцна.

Fiat-500X-2

Fiat соопшти во декември дека планира да инвестира повеќе од една милијарда евра за производството на малечкиот теренец во неговата фабрика во Мелфи. Концернот од Торино негува големи надежи во новиот модел. Тој ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на производството во италијанската фабрика и за намалување на загубите на европскиот пазар, со тоа што идните модели од поскапите сегменти ќе носат повисоки продажни маржи.

До 2016 година се планира воведување на 19 нови модели, кои што ќе се произведуваат во Италија, од кои што девет модели се од марката Alfa Romeo, а шест од престижната спортска марка Maserati. Производството на моделите на Fiat и Chrysler во Европа ќе се зголеми на два милиони возила годишно. До крајот на оваа година се очекува да се достигне продукција од 1,2 милион примероци.

Шефот на концернот Fiat, Серџо Маркијоне, се надева дека бизнисот во Европа ќе се врати во зоната на добивка најрано до 2015 или 2016 година, со поголема продукција во италијанските фабрики и нивна дистрибуција на глобалниот пазар. Моментно Fiat се соочува со голем пад во продажбата на европскиот пазар, исто како и повеќето други масовни производители.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • SsangYong Korando e-XDi200

Нико и Луис се тркаат и на тротинет