Нико и Луис се тркаат и на тротинет

Пред претстојната трка на Нирбургринг во овој викенд, пилотите на Mercedes Нико Розберг и Луис Хамилтон добија по еден електричен тротинет од Smart.

Тротинетот со погон на батерии потекнува од истражувачки проект кој што се занимава со идните решенија за мобилност во големите градови. Со програмата за заедничко користење на возила, Smart е веќе предводник на еден нов концепт за мобилност за урбаните средини, кој што постигна огромен успех во повеќе светски градови.

Electric Board, како што е името на тротинетот на батерии, претставува продолжение на серијата на возила со погон на струја која моментно ја сочинуваат двоседот Fortwo Electric Drive и велосипедот Ebike. До пуштањето на моделот во продажба остануваат уште неколку формалности околу хомологацијата.

Претходна објаваМалечок теренец од Fiat доаѓа во 2014 година
Следна објаваVolvo ќе воведе нови безбедносни системи со идниот XC90

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here