за

Легендарниот авто-панаѓур во Бјули в година слави половина век

Се сеќавате на сцени од англиски филмови и серии што се одигруваат на нешто што личи на пазар на автомобили? Голема е веројатноста дека се работи за славниот „Аутоџамбл“ во Бјули. Организаторите се подготвуваат за јубилејот.

Трети и четврти септември се датумите кога в година ќе се одржува славниот „Аутоџамбл“, авто-панаѓурот во Бјули. По традиција, овој единствен настан се одржува во вториот викенд во септември, за во следниот викенд вниманието на автомобилските ентузијасти да се пренасочи на подеднакво значајниот „Гудвуд Ривајвл“. Организаторката Џудит Медокс најавува: „2016 е посебна година за овој настан, поради одржувањето на 50-от меѓународен автомобилски панаѓур. Како еден од најстарите настани во автомобилската сфера што се одржува во континуитет, неговата привлечност не се намалува, туку напротив, интересот за историските автомобили во последните години засилено носи нови генерации на ентузијасти.“

AutojumblerПанаѓурот стартуваше со само 75 штандови во 1967 година и се одржуваше само еден ден, за денес да достигнува и до 2.400 штандови, распространети на површина од 10 хектари. Лани на овој дводневен настан што се одржува во паркот Бјули пристигнаа над 39.000 посетители од целиот свет.

Од скапоцени олдтајмери до „багажник трговци“

На штандовите се продаваат сите видови на резервни делови и прибор за олдтајмери, литература, алати и облека, но се одржува и саем на автомобили, со скапоцени и педантно реставрирани олдтајмери или само стари автомобили кои чекаат да го привлечат вниманието на некој ентузијаст за историски возила. По саботното наддавање на колекционерски автомобили, мотоцикли и прибор што го организира реномираниот Bonhams, в недела следат „багажник трговците“, кога приватни лица продаваат од багажникот на нивните автомобили.

За повеќе информации посетете ја страницата www.internationalautojumble.co.uk

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi S8 ги предизвикува суперспортските купеа со своите 605 КС

Маск планира изградба на фабрика во Кина