за

Купување автомобил во лет

Во авион обично се купува парфем, часовник, нешто за поевтино. Една кинеска авио компанија планира да ја прошири понудата со автомобили.

Кинеската авио компанија Spring Airlines, покрај парфеми и часовници, во блиска иднина ќе им нуди на своите патници и можност за купување автомобил. На домашните летови на компанијата, патниците ќе можат да купат автомобил од кинеските марки по посебно повластена цена. Во тек се преговори со сите производители на автомобили во земјата, а за официјалниот почеток на продажбата на возила во лет остануваат да се разјаснат само уште неколку технички прашања. Најважно е да се реши како ќе се изведе плаќањето на возилото, но и тоа ќе биде наскоро. Од април ќе може продажба во вредност до 12.000 евра да се врши преку кредитна картичка.

Идејата за продажбата на возила потекна од шефот на компанијата, Ванг Женг-хуа. Целна група се вработени лица кои немаат доволно време за посета на продажните салони. Обуката на кабинскиот персонал е посебен проблем. Тоа ќе биде долготрајна и скапа процедура, без која што продажбата на автомобили не може да функцонира. Петстотини лица треба да минат професионална обука за давање информации и советување за разни модели на возила. Компанијата засега не открива кои марки и модели на возила ќе бидат достапни за купување во лет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест · Volkswagen Golf 2.0 TDI Highline

Пролетно чистење