за

Кросоверот на Suzuki стартува од 14.990 евра

Специјалистот за теренци и малечки возила има голем новитет во понудата. Кросоверот SX4 веќе се продава на нашиот пазар и стартува со промотивен попуст од 1.000 евра.

Новата генерација на SX4 со додавка S-Cross јасно укажува дека се работи за наследникот на моделот што меѓу првите понуди комбинација на робусност на теренско возило и практичност на ван во народските класи возила. Иако новиот модел со зголемените димензии настапува во повисоката класа, карактеристичните обележја на името SX4 останаа.

Suzuki SX4 S-Cross_stills_10

S-Cross веќе стартуваше со продажба на нашиот пазар и во основната моделска изведба со 1,6-литарски бензинец со 120 КС, погон напред и ниво на опрема GL чини 14.900 евра, вклучувајќи го промотивниот попуст од 1.000 евра. Верзијата на овој модел со погон на сите тркала и со повисокото ниво на опрема GL Plus, во кое што спаѓаат автоматика за климата, кожа на воланот, пристап и стартување без клуч, алу-бандажи од 17 инчи, магленки и кожа на воланот, чини 18.500 евра.

Suzuki SX4 S-Cross_stills_06

Покрај бензинецот, во понуда е и новиот дизел од 1,6 литар, исто така со моќност од 120 КС, кој стартува од 16.990 евра. Во основното ниво на опрема GL влегуваат клима уред, радио со команди на волан, темпомат, контрола на стабилност, патен компјутер, висинско местење на предни седишта, централна брава со далечинска команда, електрика на сите прозорци, поделена задна клупа и контрола на притисок во гуми.

Suzuki SX4 S-Cross_details_06

Нивото на опрема GL Plus е достапно и во верзиите со погон само на предните тркала и чини 1.510 евра кај бензинецот и 2.110 евра кај дизелот. Со зголемената просторна понуда во кабината, S-Cross повеќе им се обраќа на младите семејства како потенцијални купувачи, а во прилог на тоа оди и багажникот кој сега има зафатнина од 430 литри.

Suzuki_SX4_4WD_Switch

S-Cross со концепцијата им конкурира на мини теренците од новиот бран, а во исто време со цената и вообичаената висока противвредност на Suzuki им се спротивставува на класичните компакти со посилен мотор и побогато ниво на опрема. На тој начин кросоверот на Suzuki повторно предизвикува заживување на пазарот за купувачите што не го прифаќаат конвенционалното и ги препознаваат понудите со кои што добиваат повеќе. За оние што ја ценат практичноста и робусноста на концептот на SX4 повеќе од модерната нота во дизајнот, во понуда останува и моделот од претходната генерација, сега како SX4 Classic и почетна цена од 9.990 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Нов јапонски хибрид: Ова е Prius од Mazda

Honda на салонот во Токио: Малечко, практично, забавно