за

Нов јапонски хибрид: Ова е Prius од Mazda

Досега Mazda беше единствен поголем производител на автомобили од Јапонија што не нудеше хибриден погон. Тоа станува минато – со мала помош од конкуренцијата.

Хибридната изведба на Mazda3 ќе доживее светска премиера на претстојниот салон во Токио на крајот на ноември. Компактот со комбинација од бензинец и електромотор во почетокот ќе се продава само на домашниот пазар, а подоцна ќе стане достапен и за европските купувачи.

Дел од техниката на хибридниот погон потекнува од конкурентот Toyota. Електромоторот со моќност од 82 КС и планетарниот преносник потекнуваат од Toyota Prius. Другиот дел од погонот го презема дволитарскиот бензинец со директно впрскување познат од стандардната Mazda3, кој таму ослободува моќност од 120 и 165 КС. Со тоа, хибридот на Mazda ќе биде посилен од Prius, каде што обете погонски единици обезбедуваат 136 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Toyota Corolla 1.4 D-4D Luna

Кросоверот на Suzuki стартува од 14.990 евра