Кросоверот на Qoros со светска премиера на Експо Милано

На кинеската марка Qoros не ѝ оди најдобро на домашниот пазар, но тоа ќе се смени наскоро: Спортскиот теренец Qoros 5 го означува почетокот на голема моделска офанзива и во верзија блиска до серискиот модел доживеа премиера во Милано.

Секако дека не е случајност тоа што кинеската марка Qoros го претстави новиот спортски теренец со едноставна ознака „5“ токму на светската изложба Експо Милано 2015. Во изминатите шест месеци, Милано беше центар на светот каде што 140 земји ги прикажуваа своите врвни достигнувања во најразлични подрачја. Qoros 5 е „светски автомобил“ и со него се поткрепуваат надежите дека кинеската марка конечно ќе доживее прифатеност на интернационално ниво.

qoros 5 suv 1946885А, кој е Qoros? Марката постои уште од 2007 година, а првиот автомобил беше претставен во 2013 година. За изгледот на компактната лимузина Qoros 3 беше задолжен поранешниот главен дизајнер на Mini, Герт Фолкер Хилдебранд. Заедно со комбилимузинската и кросовер верзијата, моделското трио Qoros 3 се произведува во сопствена фабрика во кинескиот Чангшу. Годишниот капацитет изнесува 150.000 возила, но може да се достигне и двојно поголема продукција. Проблем е тоа што марката е многу далеку од достигнувањето на овие бројки. Во првите шест месеци од годинава се продадени само 7.000 примероци. Лимузината Qoros 3 стартува од околу 15.000 евра на кинескиот пазар.

Планот е 12.000 автомобили месечно од 2017 година, само на домашниот пазар

Новиот шеф Фил Муртог и неговата јасна стратегија треба да придонесат за значајно поттикнување на продажбата. Визијата гласи: 12.000 автомобили месечно од 2017 година, само на кинескиот пазар. За таа цел ќе следува и проширувањена понудата на модели, прво со кросовер и со лимузина од средната класа. Не се заборава и на интернационалниот пазар. Веќе подолго време се проверува пазарот во Централна Европа, а се планира и во следните 12 до 18 месеци да се стартува на пазарот на Блискиот Исток. Проширувањето во Европа ќе следува малку подоцна, моментно се работи на зголемување на продажбата и на популарноста на марката во Кина.

Спортскиот теренец Qoros 5 е дизајниран во Шангај и Минхен и го прикажува правецот во којшто ќе продолжи да се развива кинеската марка. Моделот од средната класа моментно е во завршна фаза од тестирањата, но уште недостигаат конкретни податоци. Официјалната премиера на Qoros 5 SUV ќе биде во ноември, на салонот на автомобили во кинескиот Гуанжо.

Претходна објаваЕлектричен Saab ќе станува национален автомобил во Турција
Следна објаваПапата Франциско го благослови првиот Vito од родната Аргентина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here