Папата Франциско го благослови првиот Vito од родната Аргентина

Mercedes ќе го донира специјалниот примерок на Vito со потпис од папата на хуманитарната организација Сколас Окурентес за помош на социјално загрозени деца и млади во Аргентина.

Папата Франциско го потпиша првиот примерок на Mercedes Vito што е произведен во неговата родна Аргентина. На церемонијата што се одржа во Ватикан, врховниот свештеник на римокатоличката црква го стави својот потпис на белиот Vito Tourer. Аргентинската филијала на Daimler AG ќе го додели овој специјален примерок на Vito на Сколас Окурентес, хуманитарна организација што е под надлежност на папата Франциско. Транспортерот со бензински мотор и седум седишта потоа ќе биде понуден на наддавање, за организацијата потоа да ги инвестира средствата во сопствените проекти за спорт, уметност и технологија, со цел социјално загрозените деца и млади во поголема мера да се интегрираат во општеството.

Со оваа донација, Mercedes ја продолжува соработката со Сколас Окурентес што започна пред една година. Хуманитарната организација од минатата година, заедно со филијалата на Mercedes-Benz во Аргентина ја подржува фудбалската школа за социјално загрозени деца и младинци на возраст меѓу 6 и 18 години. Фудбалската школа е осноана од вработените во аргентинскиот Mercedes и од синдикатот Smata.

Претходна објаваКросоверот на Qoros со светска премиера на Експо Милано
Следна објаваУникатниот Audi со 1.000 КС на Јон Олсон украден, па запален

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here