Кревет за 10.000 евра од Bentley: Тука нема место за несоница

Дизајнерските студија на автопроизводителите не работат само автомобили, туку и часовници, кујни, хеликоптери… Bentley има и кревети. За цената од 10.000 евра сепак треба да се размисли.

Производителите на автомобили умеат на секаков начин да ги искористат своите марки. Porsche, Bentley и Maserati, на пример, можат да ги стават своите марки на што било и тоа да го пуштат во продажба, за „лековерните“ купувачи да загризаат. Луксузните марки или нивните посестрински фирми за таа цел најмуваат цели тимови од дизајнери. Се работи на ексклузивни часовници, преку облека и велосипеди, до луксузни јахти што ја повторуваат дизајнерската линија на автомобилите од марката.

Едно од омилените подрачја на дизајнерите е мебелот. Кујните на Porsche се најпознати. Bentley, пак, повеќе внимава на отмените и луксузни работи. Британците се здружени со домашниот производител на мебел Luxury Living Group и под сопствената марка продаваат серија од мебел за луѓе што не заработуваат, туку имаат заработено.

На овие клиенти им се нуди софа „Винстон“ за 18.000 евра или двоен лежај „Беркли“ за 10.000 евра. Боите на мебелот се идентични со оние во автомобилите на Bentley, исто како и ореовото дрво што се користи за столиците. За тоа што некои дизајнерски парчиња изгледаат како фотелји од прва класа во „џамбо џет“ од 1970-те години нема што да се приговара. Мебелот е скап и според тоа мора да е добар.

За целата колекција мебел треба да се издвојат 75.000 евра. Тоа сé уште е прифатлива цена, покрај двестоте илјади евра што се потребни за најевтиниот автомобил на Bentley. Веројатно сето тоа е стратешки смислено, за на клиентот да му се остават пари да купи и автомобил.

Претходна објаваВработен во Mercedes осуден за кражба вредна 1,5 милион евра
Следна објаваКолку навистина трошат големите теренци: Тест на Auto Bild

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here