Колку навистина трошат големите теренци: Тест на Auto Bild

Светот ги сака големите теренци, особено сега откако цените на горивата се на историски минимум. Но, колку реално трошат тие? Магазинот Auto Bild ги објави максималните вредности од тестовите.

Мерењето на потрошувачката на гориво на тестовите на германскиот магазин Auto Bild се одвиваат според строго одредена рутина. Тест-рутата за потрошувачката на гориво е долга 155 километри и се состои од 61 километри возење по магистрални патишта, 40 километри во град и 54 километри по автопат. Околу седумстотини возила секоја година се проверуваат на оваа стандардна рута во рамките на тестовите во магазинот. Се вози динамично, со нормални вртежи и со почитување на брзинските ограничувања. Полна гас се вози на делница од автопатот во должина од 20 километри. Резервоарот се полни до врв пред и по тестирањето, се мери количината на гориво по долевањето. На тој начин се постигнува точност до децилитар.

Во галеријата се прикажани 25-те теренски возила со највисока потрошувачка според тестирањето на Auto Bild.

Претходна објаваКревет за 10.000 евра од Bentley: Тука нема место за несоница
Следна објаваПо Детроит 2015: Америка, земја на неограничени можности – со евтиниот бензин!

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here