за

Крај за лажните вредности за потрошувачката на гориво?

На производителите никогаш не можело да им се верува за вредностите за потрошувачката на возилата. На пат е нов циклус за тестирање, кој конечно ќе стави крај за лабораториски добиените вредности.

Сонце грее, тивко ветре дува. Термометарот покажува 30 степени Целсиусови. Автомобилот шишка по свежо асфалтиран пат со тенки гуми напумпани до пред пукнување. Сите лежишта се свежо подмачкани, возилото е спуштено. Обезбедени се сите услови за штедење гориво. Моторот напред има 150 КС, но и покрај тоа троши само 4,9 литри гориво во просек – тоа вреди да се провери.

Проблемот е што возилото воопшто не се помрднува од место. Само изгледа како да вози. Возилото се наоѓа на рампа за тестирање. Тука производителите ја одредуваат потрошувачката на гориво при идеални лабораториски услови.

Во последните неколку години драстично се зголеми јазот меѓу лабораториски измерената потрошувачка и реалната потрошувачка на гориво во секојдневни услови на возење. Кај некои производители, а особено кај BMW, во реалноста се регистрираа вредности поголеми и од 30 проценти од фабрички декларираните.

Купувачите бараат пореални бројки

Овој јаз ќе се коригира со новиот циклус за мерење. Во средината на месецов, техничка работна група во рамките на Обединетите Нации го донесе таканаречениот циклус WLTP, односно „World-Harmonized Light-Duty Vehicles Test Procedure“ – или глобална процедура за тестирање на патнички и доставни возила. Во март се очекува тестот да добие зелено светло од следната повисока инстанца на ОН, што е само формален чин. Потоа ќе биде потребно земјите да го имплементираат новиот циклус во националното право.

Во новиот циклус на тестирање, возилата повеќе не возат максимално 120 километри на час, туку 130. Место совршената температура за штедливо возење од 30 степени Целзиусови, во иднина ќе важат 23 степени. Освен тоа, WLTP не им дозволува на производителите да качат специјално подготвени и олеснети возила на пробните валци.

На овој начин ќе се добиваат пореални вредности за потрошувачката. Но, експертите стратуваат дека производителите сепак ќе најдат дупки и во новиот циклус.

САД со сопствени стандарди

На производителите на возила им е од интерес да се смени циклусот за возење. Притоа, нереалните вредности на потрошувачката се најмал проблем. Цел на производителите е да се постигне унифицираност на стандардите. Кога ќе постои еден стандард што ќе важи за цел свет, производителите ќе можат да ги хомологираат нивните модели само еднаш – место како досега, за секоја земја посебно. Така ќе се заштеди по некоја пара.

Кога ќе постои еден стандард што ќе важи за цел свет, производителите ќе можат да ги хомологираат нивните модели само еднаш – место како досега, за секоја земја посебно. Така ќе се заштеди по некоја пара.

Но, решението во овој поглед уште не е постигнато. Големите автомобилски пазари, како Европа, Кореја, Индија и Јапонија го прифаќаат новиот циклус за тестирање, но САД одбиваат да се приклучат. Тоа е уште еден начин да се потисне конкуренцијата.

Новиот циклус за тестирање доаѓа предоцна за да влезе во идните норми за потрошувачката што ЕУ ќе ги воведе до крајот на годинава. Тој ќе биде спомнат само како фуснота, во интерес на производителите. Поставената норма од 95 грами СО2, што одговара на околу четири литри гориво, ќе се пресметува според новиот циклус WLTP. Но, потрошувачката на гориво и натаму ќе се одредува според стариот циклус. Очигледно некој се подбива со некого.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Хет трик на Golf: Автомобил на годината во Јапонија

За оваа Honda им завидуваме на Индијците