Сопственик на Tesla Model S од Канада имал вистинска забава додека со мобилниот телефон го „гонел“ крадецот на неговиот електромобил. На крадците навистина не им е лесно со денешната технологија.
Во Канада не е вообичаено да се крадат ретките електрични автомобили, а уште помалку скап Tesla Model S. Брачен пар од Канада се враќал кон својот автомобил во катната гаража. Но, нивниот автомобил не бил на своето место. Сопственикот Кери Пиновски за среќа имал инсталирано посебна апликација од Tesla на неговиот мобилен телефон, со која автомобилот лесно се лоцира. Господин Пинковски можел на дисплејот да го следи својот автомобил како вози со 70 km/h низ Ричмонд, при што крадецот очигледно уживал во возењето на својот плен: „Гледав како тој ја поминува секоја улица во Ричмонд“, изјави Кери Пинковски за локалните медиуми.
Сопственикот можел во секое време да го изгасне моторот далечински – но, тоа е ризично
Сопственикот решил да го пушти крадецот да се забавува со Tesla, пред да ја повика полицијата и да ѝ ја соопшти точната локација на неговиот автомобил. Опцијата за гаснење на моторот со далечинска команда или активирање на свирката му се чинела премногу ризична на Пиновски. Од друга страна, крадецот воопшто не морал да се мачи со возилото. Сопругата Катја Пинковски го заборавила клучот во возилото, а функцијата за пристап и стартување без клуч ќе му ја отклучела вратата на секој што ќе се приближел до возилото.
На полицијата во Ричмонд дотогаш ѝ се немало случено да врати украден автомобил со толкава леснотија. На крајот, сета оваа завршила среќно и забавно за брачниот пар. Крадецот сепак немал среќа и сега чека судска пресуда.
Функцијата за следење на возилото не е специјалност на Tesla. Секој автомобил во кого што е вграден телефон или е поврзан на интернет може да се следи. Овие „трекери“ се особено популарни во некои земји, на пример, во Велика Британија. Тие се сокриваат во возилото и ги оддаваат неговите координати, независно од сопствената електроника во возилото.
















