Познато е дека возењето во формула 1 е добро платена работа. Но, колку навистина заработуваат возачите во кралицата на мотоспортот? Тоа официјално не се објавува, но сé е познато.
Првото и основно прашање што многумина го поставуваат на оваа тема секако дека е следново: Кој заработува најмногу во формула 1? Кој друг, ако не Берни Еклстоун. Таткото на формула 1 добива плата за неговата функција како главен брокер во висина од 83 милиони долари. Оваа бројка изгледа дури и умерена, ако се има во предвид дека кралицата на мотоспортот годишно касира по 1,5 милијарда долари. Тука е јасно, но колку заработуваат возачите?
Иако нема официјална потврда за тоа, платите на возачите во формула 1 се добро познати, затоа што нивните менаџери комуницираат меѓусебно, за да можат да ги придобијат најдобрите возачи во своите тимови. Според приближни вредности, Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо се најплатени во возачките табори. Хамилтон за оваа сезона е договорен на 25 милиони долари, додека Алонсо ќе заработи 19 милиони долари, плус по еден милион за секое качување на подиумот. Во оваа година тоа ретко му успеваше на Шпанецот, тој се најде на подиумот само двапати. Себастијан Фетел без бонуси е платен 16,5 милиони евра, а неговиот колега Нико Розберг 12,5 милиони долари, плус награда за секој подиум. Со новиот договор неговата плата во следната сезона ќе се зголеми на 17 милиони евра. Кими Раиконен ќе го зголеми своето конто во 2014 со 18 милиони долари, не сметајќи ги бонусите. Џенсон Батон заработува нешто помалку од десет милиони евра.
За останатите возачи важат други правила. Осум од 22-та возачи плаќаат за да возат, односно добиваат пари од спонзорите. Макс Чилтон ја спонзорира Marrusia, а Маркус Ериксон е задолжен да ги покрива трошоците на Caterham. Спонзорот на Пастор Малдонадо, PDVSA,одвојува 40 милиони евра за Lotus. Двата спонзора на Валтери Ботас плаќаат осум милиони евра во касата на Williams.
















