Класата G на Mercedes ќе се произведува до 2022 година

Daimler денес го продолжи договорот со австриската Magna Steyr за производство на класата G до 2022 година. Класичниот теренец на Mercedes веќе 35 години се произведува во Грац. Daimler го продолжи договорот со добавувачот Magna International, за класата G на Mercedes да се произведува во фабриката во Грац до 2022 година. Овој модел на Mercedes веќе 35 години се симнува од производствените ленти во фабриката Magna Steyr. Во минатата година Daimler темелно ја обнови производствената хала за класата G со површина од 63.000 метри квадратни. Поради разновидноста на моделската понуда и големата популарност на оваа икона на пазарот на класични теренци, класата G се продава како никогаш досега.

Претходна објаваШампионска серија од BMW M4 за победата во DTM
Следна објаваMazda собори 20 светски рекорди за 24 часа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here