за

Шампионска серија од BMW M4 за победата во DTM

BMW M4 уште во дебитантската година победи во германскиот шампионат на кружни патеки. Минхен ја прославува победата со специјална серија од М4, ограничена на само 23 примероци.

Љубителите на специјалните серии на модели за неколку години ќе се радуваат да обезбедат примерок од оваа серија на BMW M4, изработена во чест на победата на BMW M4 и Марко Витман во германскиот шампионат на кружни патеки. Серијата е ограничена на 23 примероци, според стартниот број на Витман, се испорачува исклучиво во снежно бела боја, повторно според бојата на тркачкиот автомобил во шампионатот. Сите посебни детали на M4 DTM Champion Edition се изработени рачно во специјализираната работилница на BMW Individual Makufaktur во Гархинг, во близина на Минхен. Мат црната хауба и задниот капак со впечатливи ленти се во склад со покривот од карбон, а отстрана има посебна лента во црна боја. „Бубрезите“ се обрабени во портокалова боја, зад предните тркала е поставено логото на M GmbH, на вратите е стартниот број на Витман, а на задните прозорци се поставени германското знаме и натписите „WIT“ и „DTM Champion 2014“. Цената на ексклузивниот модел уште не се објавува, но секако и таа ќе биде ексклузивна.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонија: Три од четири автомобили се постари од 10 години

Класата G на Mercedes ќе се произведува до 2022 година