По критичките објави на кинеската државна телевизија, Land Rover стартуваше сервисен повик на 30.000 автомобили. Повеќе производители досега реагираа исто по телевизиските објави.
Британскиот производител на автомобили во индиска сопственост повикува во сервисните работилници во Кина 36.451 увезени примероци од моделот Range Rover Evoque. Возилата се произведени во периодот меѓу јуни и декември минатата година. Кај овие возила, гаранцијата за менувачите ќе биде продолжена на седум години или 240.000 километри.
Сервисниот повик следува само четири денови по објавата на кинеската државна телевизија дека Jaguar Land Rover реагирал несоодветно на поплаките од клиентите. Во последните години, повеќе производители стартуваа сервисен повик по критичките објави во Кина. Овој пазар им е особено важен на производителите на автомобили, како најголем во светот.
















