Групацијата Pacific Century е нов сопственик на банкротираниот производител на ексклузивни автомобили Fisker. Кинезите платија 300 милиони евра за фирмата на поранешниот дизајнер на Aston Martin.
Сите големи марки на автомобили имаат возбудлива историја, сите имаат банкротирано некогаш или биле на чекор од тоа, од Aston Martin до Maserati. На оваа традиција сега се приклучува и Fisker. Публиката ја обожуваше енергијата на Karma, но производителот не виде никаква корист од тоа на својата сметка. Производството на лимузината со хибриден погон со надворешно полнење заврши во 2012 година, затоа што немаше пари за добавувачите на делови за возилото. Вкупната продукција достигна околу две илјади возила. Основачот Хенрик Фискер конечно го подигна белото знаме во март.
Дузина кинески претпријатија веднаш пројавија интерес да го купат Fisker, меѓу другото и авто производителите Geely и Dongfeng. Најдобра понуда имаше групацијата Pacific Century на Ричард Ли, син на Ли Ка-Шринг, економскиот магнат од Хонг Конг. Тој плати 300 милиони долари за Fisker.
Ричард Ли ја гледа иднината на Fisker во интеграцијата на возилото со интернет, интелигентни телефони и мрежно поврзување, по пример на успехот што го постигна Apple со вкрстувањето на софтверот и хардверот. Богатиот Кинез досега има инвестирано во осигурителни компании и интернет фирми, а со купувањето на Fisker сака да го прошири неговото делување во Европа и Америка.