за

Катастрофални резултати од краш тестовите во Јужна Америка

Последните краш тестови во Јужна Америка открија дека најпродаваните модели не ги задоволуваат ниту основните стандарди за безбедност. Светската организацијата Global NCAP реагира.

Макс Мосли, некогашен прв човек на светската автомобилска асоцијација FIA, а денес претседател на организацијата Global NCAP побара од производителите Renault-Nissan, General Motors и Suzuki во нивната светска продукција на возила да се раководат според минималните стандарди за безбедност на Обединетите Нации. Последните резулати од краш-тестовите покажаа дека најпопуларните возила што овие производители ги продаваат во Латинска Америка носат потенцијална опасност по животот и здравјето на патниците.

Во неговата писмена реакција, Мосли ја критикува слабата конструкција на поголемиот дел од воизлата што се продаваат во Латинска Америка и кои што на независните краш тестови не освоија ниту една ѕвезда, ниту еден бод: „Global NCAP изразува сомнеж дека слабиот промет и опаѓањето на профитот на матичните пазари ги наведуваат производителите на возила да влегуваат во непотребни ризици за безбедноста на пазарите во развој“.

Понатаму, Мосли наведува дека „за производителите е мошне едноставно да конструираат возила за нерегулираните пазари, кои што носат големи ризици за безбедноста на патниците. Доколку членовите на управните одбори се свесни дека нивните производи не ги исполнуваат светските стандарди за безбедност, тие треба да ја понесат одговорноста за тоа и да преземат соодветни мери. Животот на купувачите во Латинска Америка не е помалку вреден од оној на купувачите во Европа, Јапонија или САД.“

Global NCAP изразува сомнеж дека слабиот промет и опаѓањето на профитот на матичните пазари ги наведуваат производителите на возила да влегуваат во непотребни ризици за безбедноста на пазарите во развој

Според резултатите од краш-тестовите на Latin NCAP, моделите Nissan Tsuru, Renault Clio Mio, Suzuki Alto K10 и Chevrolet Agile нудат недоволна заштита за патниците. Овие модели се продаваат без воздушни перници и со каросериски структури што се деформираат во случај на судир и го доведуваат во опасност животот на патниците.

Организацијата Global NCAP цени дека годишно се произведуваат околу 20 милиони возила што не ги исполнуваат стандардите на ОН и бара од производителите доброволно да се обврзат на повисоките стандарди за безбедност. До 2015 година, сите возила треба да ги исполнуваат меѓународните стандарди за безбедносни ремени (R16 и R14), како и заштитата од челен и страничен судир (R94 и R95). Понатаму, до 2020 година сите возила треба да се опремени со електронска контрола на стабилност и мери за заштита на пешаците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Toyota останува најголем авто-производител во светот

Новиот Mini доаѓа в година