Есента е време за календари. Liqui Moly е веќе подготвен за 2016 година со прочуениот еротски календар. Секој месец има два различни мотива, фотографиите се направени во Јужна Африка.
Есента е убава и поради календарите што ни ги носи од фирмите од автомобилската бранша. Специјалистот за моторни масла и адитиви Liqui Moly меѓу првите го објавува календарот, уште пред да настапат големите студови, и сосема е разбирливо зошто.
https://youtu.be/GKfwE7n2fkI
Фотосесијата за еротскиот календар на Liqui Moly за 2016 година е направена во Кејптаун и Јоханесбург, во Јужна Африка. Календарот е посебен и поради тоа што почнува во декември и има 13 место „само“ дванаесет месеци, а покрај тоа за секој месец стојат на располагање и два мотива, така што ги има вкупно 26 на број.
Еротскиот календар се дистрибуира првенствено до сервисните работилници и до редовните клиенти на Liqui Moly, но може и да се набави преку http://www.liqui-moly-teamshop.de . Неговата цена е 17,99 евра и може да се нарачува веќе од 9-ти ноември.
Во нашата галерија можете уште однапред да ги запознаете мотивите за 2016-та година
Избор од содржините на Аутомедиа МК
- Пежо 3008 · Тест · Колку е штедлив 1,6-литарскиот бензинец?
- Коментар: Колите ги избркаа луѓето од градот
- БМВ и Икс 3 во Кина се продава 30.000 евра поевтино во споредба со Европа
- Опел Фронтера во подостапна изведба, со рачен менувач и основна опрема
- Новиот модел на Форд ќе биде препакуван кинески Џили
- Електро-шоу во салон: Рено прво прави автомобилот да биде добар, па потоа електричен
















