Казна од 95.000 евра за брзо возење во Финска

Финците воопшто не се фини кога се работи за прекршителите во сообраќајот. Еден индистриски магнат плати огромна казна затоа што во град возел 27 km/h пребрзо.

Фотографијата направена од радар ќе го чини Андерс Виклеф 95.000 евра. Финскиот индустријалец бил фатен од радар како вози со 77 километри на час во градска средина каде што се дозволени 50 километри на час.

Висината на сообраќајните казни во Финска се одредува според личниот приход. Виклеф е еден од најбогатите Финци, па соодветно на тоа и казната е застрашувачки висока. Во минатото имаше бројни случаи на вакви хорор казни. Пред осум години, тркачот Кими Раиконен мораше да плати казна од 30.000 евра, затоа што при сообраќајна контрола не ги имал со себе документите за приколката на која што го влечел својот глисер. Покрај тоа, тркачот во формула 1 ги немал поставено ни дополнителните ретровизори на возилото.

Виклеф изјави за еден од локалните весници дека повеќе би сакал парите од казната да ги донира за болница или детска градинка место да го плаќа овој „дополнителен данок на луксуз за богатите“.

Претходна објаваМенувачите ја доцнат испораката на новиот Jeep Cherokee
Следна објаваНаследникот на Mercedes SLS AMG ќе вози против Porsche 911 Turbo

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here