Кабриолетот од Range Rover Evoque уловен на тестирање

Фото: Autocar

Британскиот магазин Autocar објави фотографија којашто потврдува дека Range Rover планира наскоро да стартува со продажба на кабриолет изведба на популарниот Evoque.

Читател на британскиот магазин Autocar направи фотографија од кабриолет верзијата на Range Rover Evoque, којашто со маскирана каросерија и платнен покрив моментно се тестира на патиштата во Мидлендс. Британскиот специјалист за теренски возила го прикажа концептниот автомобил на база на верзијата со три врати на Evoque на салонот во Женева пред две години. Шефовите на Land Rover по една година од премиерата на концептот најавија можност кабриолетот од Evoque да влезе во сериско производство, но потоа немаше никакви вести околу овие планови.

Сега сепак се потврдува дека автомобилот ќе влезе во производство, веројатно до крајот на следната година. Паралелно се слушаат и гласините дека појавувањето на третата каросериска изведба на Evoque ќе биде проследено со темелно освежување на механиката на моделот, вклучувајќи ја новата генерација на четирицилиндарски мотори од семејството Ingenium на Jaguar Land Rover.

Претходна објаваRC F со најсилниот мотор V8 во историјата на Lexus
Следна објаваAlfa Romeo 4C во салонот на Аутомобиле СК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here