за ,

„Историски“ спектакл на Еуроимпекс и автоклубот Џип Рели Спорт

Како што се очекуваше, традиционалната изложба на историски возила, во саботата во Градскиот парк во Скопје предизвика голем интерес кај публиката. Секако дека ниту Peugeot не остана во „сенка“.

Во саботата, компанијата Еуроимпекс, автомото клубот Џип Рели Спорт и Општина Центар како домаќин, приредија уште еден спектакл со 80-те автомобили олдтајмери и дваесетината историски мотоцикли. Изборот на локацијата стана очигледен кога историските возила се појавија на калдрмата пред објектот на Општината, во автентична средина од своето време. За успешната манифестација дополнително придонесе и сончевото време, кое придонесе одлично сочуваните возила уште поверно да го доловат духот на старите времиња.

Во делот од локацијата каде што калдрмата е заменета со асфалт, увозникот Peugeot ги изложи своите нови модели, постигнувајќи впечатлив контраст со старите автомобили во непосредна близина. Настанот мина како и во претходните десет изданија, со голема посетеност, љупобитни и весели лица на публиката, со бројни камери и фотографи да го овековечат и овој вреден и редок собир.

Еуроимпекс, како една од најстарите компании во автомобилската бранша и синоним за брендот Peugeot во Македонија, на манифестацијата ги изложи и останатите брендови од своето портфолио, вклучувајќи ги јапонските пневматици Toyo, маслата Total и Valvoline, а секако и понудата на специјалната програма Professional Tuning. Компанијата трета година по ред го подржува собирот на историски возила.

Според стандардите на меѓународната федерација FIVA, сите возила на изложбата беа постари од 30 години и одржани во оригиналната состојба. Дури единаесет возила од вкупно 80-те автомобили олдтајмери беа од марката Peugeot, што говори и за долговечноста на возилата и за ентузијазмот на сопствениците.

  • Најстар автомобил на изложбата беше Fiat Topolino од 1936 година
  • Најстар автомобил Peugeot беше „404“ од 1968 година
  • Најстар моторикл беше Jawa од 1930 година

За победниците на изложбата одлучуваше стручна комисија во состав од Васил Стамболиски, претседател на комисијата, Томислав Биљарац, доајенот на автомобилското новинарство во Македонија, како и останатите членови на комисијата, Мојсие Милосавлевски, Цане Костовски и Јовче Стефанов.

РЕЗУЛТАТИ ОД 11-ТА ИЗЛОЖБА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН АВТОМОБИЛ НА ИЗЛОЖБАТА:

  1. МЕСТО: Број: 35, Зоран ЈАНЕВСКИ, MERCEDES 170S (W136), 1951 година
  2. МЕСТО: Број: 12, Игор СТЕФАНОВ, MERCEDES 116, 1979 година
  3. МЕСТО: Број: 30, Емилија ЈОВАНОВСКА, TRIUMPH Herald, 1968 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН МОТОРЦИКЛ:

Број: 39, Никола НАСТЕСКИ, HOFFMAN MR-175, 1951 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН КАБРИОЛЕТ:

Број: 72, Бејтула СЕЛМАНИ, FIAT SPIDER, 1977 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАНО СПОРТСКО ВОЗИЛО (GT):

Број: 18, Дарко КУЗМАНОВ, VW Golf, MK1 GTI, 1979 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАНО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО:

Број: 73, Бејтула СЕЛМАНИ, LANDROVER, Defender 109LR2, 1969 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАНО ВОЗИЛО КОМБИ-БУС:

Број: 13, Срѓан ПЕШЕВСКИ, VW T1 combi, 1960 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН МОТОРЦИКЛ СО ПРИКОЛКА:

Број: 31, Драган ЖИВКОВИЌ, BMW R25/3, 11953 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН МОТОРЦИКЛ-СКУТЕР:

Број: 34, Љупчо ГРУЈОВСКИ, VESPA PIAGGIO 125U, 1952 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН ВЕЛОСИПЕД СО ПОМОШЕН МОТОР:

Број: 4, Марија СТАМБОЛИСКА, ROG Pony EXPRESS, 1973 година

НАЈСТАР АВРОМОБИЛ НА ИЗЛОЖБАТА:

Број: 25, Благоја СПАСОВСКИ, FIAT TOPOLINO, 1936 година

НАЈСТАР МОТОЦИКЛ НА ИЗЛОЖБАТА:

Број: 52, Ване ШИНДЕВ, JAVA, 1930 година

НАЈСТАР АВТОМОБИЛ ОД МАРКАТА PEUGEOT:

Број: 55, Дејан ШКАРТОВ, PEUGEOT 404, 1969 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН АВТОМОБИЛ ОД МАРКАТА PEUGEOT:

  1. МЕСТО: Број: 21, Горан ИВАНОВСКИ, PEUGEOT 404, 1969 година
  2. МЕСТО: Број: 7, ЕУРОИМПЕКС Скопје, PEUGEOT 404, 1970 година
  3. МЕСТО: Број: 56, Владимир ДИМОВСКИ, PEUGEOT 404, 1973 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН ЈАНГТАЈМЕР:

Број: 17, Дарио БУРАГЕВ, VW Golf 1 cabrio, 1989 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН ВОН-ЕВРОПСКИ АВТОМОБИЛ:

Број: 66, Јовица ПАНОВСКИ, BUIC Riviera, 1965 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАНO ФИЌО (FIAT 600, Zastava 750/850):

  1. МЕСТО: Број: 14, Срѓан ПЕШЕВСКИ, ZASTAVA 750, 1965 година
  2. МЕСТО: Број: 6, Борче ЈОСЕВСКИ, ZASTAVA 750, 1979 година
  3. МЕСТО: Број: 32, Васил ГРОЗДАНОВСКИ, ZASTAVA 750, 1976 година

НАЈДОБРО РЕСТАВРИРАН АВТОМОБИЛ – ГОСТИ:

Број: 90, Драган МАРКОВИЌ, Врање – Србија, SAAB 96, 1976 година

НАЈСТАР АВТОМОБИЛ – ГОСТИ:

Број: 79, Висар КАЛОШИ, Призрен – Косово, VOLVO Amazon, 1962 година

[FAG id=24263]

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda преименува цел град по својот нов теренец

Турски електромобил е подобар и побезбеден од Tesla