Идниот Tiguan ќе напаѓа во тројка

Tiguan е вистински погодок на Volkswagen. Во следната генерација, чија премиера е закажана за догодина, компактниот теренец ќе напаѓа во тројка.

Volkswagen сака да искористи колку е можно повеќе од успехот на неговиот компактен теренец Tiguan. Затоа, во следната генерација го испраќа моделот да се бори со конкуренцијата во тројка. Покрај стандарниот модел, кој со димензиите ќе остане во рамките на сегашниот модел, во гамата на Tiguan ќе се приклучи и верзија со продолжено меѓуоскино растојание и кабина со простор за седуммнина. Третата варијанта ќе биде купе теренец во стил на идниот BMW X4, наменета за купувачите што повеќе се ориентирани на дизајн и животен стил.

Понудата од погонски единици ќе се состои од бензинци со турбонатполнење и директно впрскување со зафатнина од 1,4 литар, 1,8 и 2,0 литри, со дијапазон на моќност меѓу 140 и 220 КС, како и од дизели со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри и моќност меѓу 110 и 204 КС. Се подготвува и верзија со хибриден погон.

Претходна објаваHonda веќе прима нарачки за новиот NSX
Следна објаваBMW ја прогласува сезоната на кабриолети за отворена

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here