Предмет тежок само половина килограми, при судир со 50 km/h тежи 40 пати повеќе. Кога овој проектил со тежина од 20 килограми ќе излета кон кабината, постои голема опасност за патниците.
Кога станува збор за обезбедувањето на товарот во возилото, повеќето возачи сметаме дека тоа се однесува само на товарните возила или транспортерите, но не и на патничките автомобили. Секако дека тоа е погрешно и треба повеќе да се внимава на навидум безопасните и лесни предмети што се наоѓаат некаде во кабината. Предмет тежок само половина килограм, сместен на задната полица во возилото, при судир со градска брзина од 50 километри на час, добива забрзување што е 40 пати поголемо од силата на земјината гравитација. Тоа значи дека предметот практично тежи 20 килограми. Доколку овој проектил удри во вратот или главата на возачот или совозачот, последиците не се само силно напрегање на телото и оштетување на возилото од судирот, туку може да се здобијат и сериозни повреди.
Во подот во багажникот се наоѓаат прстени за прицврстување кај сите понови модели

Затоа треба да се внимава како предметите се оставаат во возилото. До критични ситуации може да дојде и при нагло запирање или во остри свијоци, кога куфер, чанта, спортска опрема или алат оставен необезбеден на задната клупа ќе излета кон патниците. Најдобро место за багажот е директно зад задната клупа. Доколку се патува често со полн багажник, во комби моделите или во спортските теренци може да се постави и заштитна мрежа или решетка зад задната клупа, заради обезбедување на товарот. Тие се достапни како прибор кај повеќето автомобилски марки. Најсигурно е предметите да се прицврстат со гумени затегнувачи, ленти или со посебна мрежа што се закачува на прстените за прицврстување во самиот под на багажникот.
Гајба со пијалок во багажникот лесно ја пробива задната клупа
Покрај тоа, краш-тестовите имаат покажано дека гајбите со пијалоци што се сместени во средината на багажникот, при судир можат да се каталуптираат со таква моќ што лесно ја пробиваат задната клупа и навлегуваат во патничката кабина.
