за ,

За пасионирани автомобилџии: Куфер со изглед на кантичка за гориво

Во колекцијата од предмети што асоцираат на автомобилизам секогаш има простор за нешто ново. Белгиска фирма го произведува овој куфер што изгледа исто како резервна кантичка за гориво.

Пасионираните автомобилисти тешко ќе одолеат на идејата да го набават овој куфер со дизајн на кантичка за гориво. Металното куќиште е изработено верно на оригиналните кантички, а куферот е со димензии 460 х 350 х 160 милиметри и со тоа е дозволен како да се понесе како рачен багаж при патување со авион. Телескопската рачка и гумените тркала го олеснуваат ракувањето.

Производителот од Белгија го испорачува куферот во четири стандардни бои (зелена, сива, бела, црна). Повремено се лансираат и специјални серии во ограничен број, како на пример варијанта со хромирано куќиште. Цената за eon C-Case изнесува 168 евра, заедно со заштитен сунѓер и со испорака во ЕУ.

kufer kanticka 1-986136

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто предметите треба безбедно да се сместат во автомобилот

Самовозечкиот автомобил на Google не се плаши од вештерки