за ,

За оваа Honda им завидуваме на Индијците

Honda ја претстави новата генерација на лимузината врз база на Jazz. Моделот се произведува во Индија и ќе се продава како престижен модел во регионот. Европа не е во игра, засега.

Индиската фабрика на Honda синоќа одржа премиера на четвртата генерација на моделот City, со кого воедно стартува и новиот 1,5-литарски дизел i-DTEC. Продажбата ќе стартува во јануари, дилерите веќе примаат нарачки. Лимузината врз база на Jazz постепено ќе се воведува и во останатите фабрики на Honda во регионот на Индија и Океанија, за на крајот да се покријат 60 локални пазари, од кои дел бележат огромен раст во продажбата.

Димензиите на каросеријата се непроменети, со 4,44 метри во должина, но со пет сантиметри повеќе растојание меѓу оските се постигнува многу поголема просторност во кабината. Според Honda, компактната лимузина има најширока кабина и најмногу простор за нозе на задната клупа во својата класа.

Понудата на погонски единици се сведува на еден бензинец и еден дизел, обата со зафатнина од 1,5 литар и со напредно технолошко ниво што обезбедува примерна штедливост и солидни перформанси. Бензинецот ја користи технологијата i-VTEC и подобрен е во споредба со претходникот во поглед на емисијата и потрошувачката на гориво, додека дизелот 1.5 i-DTEC е комплетно нов, односно е изведен од 1,6-литарскиот мотор од Civic и CRV.

Од говорот на г-н. Јошијуки Мацумото, прв човек на Honda за регионот, може да се очекува дека Honda ќе почне да го продава моделот и надвор од азиските пазари: „Honda City моментно се продава на 55 пазари низ светот. City е најпродаван модел на Honda во регионот на Азија и Океанија, а со четвртата генерација на Honda City целиме кон натамошно зголемување на популарноста на моделот и негово прераснување во значаен модел во глобалното портфолио на Honda, со неговата достапност на многу повеќе пазари.“

Покрај ирански Peugeot 206 Sedan или турски Fiat Linea и Toyota Corolla Sedan, индиска Honda City би била повеќе од добредојдена во нашиов регион, каде евтините лимузини врз база на малечки автомобили традиционално постигнуваат пристојни бројки на продажба – шансите за City се дотолку поголеми што цената за разлика од повеќето конкуренти не е постигната со застарена технологија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крај за лажните вредности за потрошувачката на гориво?

На Dodge Challenger му тресе хаубата – намерно!