Не секогаш се потребни скапи продуцентски тимови и финансиски инјекции од производителите на автомобили да се направи подвиг што ќе предизвика одушевување кај ентузијастите. Овие Унгарци возат автомобили што некому може да му изгледаат неугледно и патека им е двор на авто-отпад, но тоа не ги спречува да приредат возачка акција „на ниво“.
















