за

Златен волан во компакт-класата за новиот Renault Megane

Renault Megane е победник во годинашниов „Златен волан“ во конкуренција на модели од компакт-класата. Во изборот учествуваат читатели од 21 европски магазин од групацијата Auto Bild, како и 57 членови на жирито. На моделите од француската марка досега единаесетпати им се „позлатуваше“ воланот.

Победник на годинашниов избор за „Златен волан“, во категоријата на модели од компакт-класата е новиот Renault Megane. Со вкупно единаесет титули досега, француската марка се вбројува меѓу најуспешните производители на автомобили во историјата на овој избор. За победниците први решаваат гласовите од читателите на 21 автомобилски магазин од групацијата Auto Bild и од читателите на неделникот Bild am Sonntag. Откако публиката ќе го даде својот глас за најдобрите новитети во годината, финалистите продолжуваат на четиридневно тестирање од страна на 57-члено жири, во чијшто состав влегуваат техничари, тркачи, дизајнери, јавни личности и новинари.

Renault Megane

„Златен волан“ се доделува уште од 1976 година. Renault досега има постигнато 11 победи во одделните категории на изборот. Последните модели што ја имаат понесено оваа престижна титула се Scenic (2009) и четвртата генерација на Clio (2012).

Renault Megane победи и во изборот за автомобил на годината во Шведска, како „најдобар семеен автомобил“, додека новиот Kadjar на истиот избор ја понесе титулата за „Најдобар кросовер“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заборавете го Кен Блок, ова е дрифт-двобој меѓу Fiat Uno и Suzuki Swift

Најпродаваниот електромобил во одважна серија: Nissan Leaf Black Edition