Женева 2015: Suzuki ќе ги прикаже наследниците на Swift и Jimny

Suzuki iK-2

Со двата концептни автомобили, Suzuki ќе ги најави наследниците на Swift и Jimny на салонот во Женева. Идниот Swift ќе има можне динамична линија и поголеми димензии од сегашниот.

Јапонскиот специјалист за малечки возила и погон на сите тркала се подготвува за комплетирање на обновувањето на моделската гама. По одличнo прифатениот кросовер SX4 S-Cross и спортскиот теренец Vitara, чијшто пазарен старт се очекува напролет, Suzuki набрзо ќе ги претстави новиот Swift и новата генерација на култниот теренец Jimny.

Производителот засега ги објави само фотографиите од обата концепта, без повеќе детали околу техниката и најави за почеток на продажбата. Концептот iK-2 го најавува идниот Swift како градски автомобил со динамичен дизајн и флуидна линија, со силно закосен заден ден и впечатлив раб по должината на каросеријата. За разлика од претходните генерации на Swift, во коишто приоритетот се ставаше на изведбата со три врати, овојпат Suzuki се приклучува на „главната струја“ и му дава поголема универзалност на својот градски автомобил, приближувајќи го до Polo, Fiesta и другите модели од класата.

Suzuki Concept iM-4

Вториот концепт е iM-4, во когошто се наѕира идниот Jimny. Фотографијата открива малечок теренец со поостри линии во споредба со „цивилните“ модели на Suzuki, со куси каросериски превиси напред и назад и моќно испакнати крила со простор за големите тркала. Suzuki очигледно размислува да го понуди наследникот на Jimny и во верзија со пет врати. Конкретните детали за двата модела ќе бидат познати по премиерата во почетокот на март.

Претходна објаваКина го произведе првиот меѓуградски автобус со погон на струја
Следна објаваАмериканец ја издава својата Tesla за преспивање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here