за

Американец ја издава својата Tesla за преспивање

Поседувањето електричен автомобил не е евтино задоволство. Еден Американец сепак се решил да купи Tesla Model S, иако со тоа го исцрпил буџетот. Но, човекот се снаоѓа. Или барем се обидува.

На онлајн портал за изнајмување станови во Феникс, Аризона, постојат илјадници понуди, почнувајќи од скапи луксузни вили со поглед на целиот град до гарсониера по багателна цена. Но, има и необични понуди, како на пример на извесен Стив Сасмен. За 85 долари може да се преноќи во неговиот автомобил. Не се работи за каков било автомобил, туку за електричниот Tesla Model S. Лимузината со погон на струја сепак не нуди изобилство од простор за преспивање, иако со цената од 100.000 долари чини исто колку помал стан.

tesla s hotel 1

Токму високата цена на автомобилот е причина што Стив сега ја нуди својата Tesla за преспивање. Иако автомобилот бил прескап за неговиот буџет, тој сепак решил да го купи. Американецот со чуден претприемачки дух дошол на идеја да го користи автомобилот како извор на приход. Тоа е кусата приказна како електромобилот се најде на порталот.

Стив веќе го има користено автомобилот во функција на спална соба и тврди дека по соборувањето на задната клупа, назад собира душек на надувување, на когошто можат да преспијат две лица. За амбиентот да биде попријатен, внатре се поставени и две електрични свеќи. Покрај тоа, клима уредот може да работи цела ноќ, при што троши само малку струја, за разлика од обичните автомобили, кадешто моторот мора да се остави да работи.

Сопственикот се снаоѓа на секаков начин да ги врати парите: Нуди шоферска услуга, го изнајмува на уште една интернет платформа, вози и за Uber.  „Хотелот“ засега е неискористен
Сопственикот се снаоѓа на секаков начин да ги врати парите: Нуди шоферска услуга, го изнајмува на уште една интернет платформа, вози и за Uber. „Хотелот“ засега е неискористен

Но, секоја идеја не наидува веднаш на голема прифатеност. Засега, никој се нема пријавено за преспивање во „хотел “ Tesla. Сопственикот има смислено и неколку резервни стратегии. Стив вози за контроверзниот онлајн сервис за изнајмување автомобили Uber, нуди и шоферски услуги, го изнајмува автомобилот преку друга интернет платформа и на крајот ја продава површината на каросеријата на неговиот автомобил како рекламен простор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Женева 2015: Suzuki ќе ги прикаже наследниците на Swift и Jimny

Дошол како купувач, заминал како крадец со плен од 140.000 евра