Женева 2015: Теренецот на Seat добива конечна форма

Подолго време се најавува компактниот теренец на Seat. Шпанците сега и официјално потврдија дека тој ќе стартува в година, а изгледот на моделот го најавува студискиот автомобил 20V20 прикажан премиерно во Женева. Идниот брат на Tiguan е долг 4,66 метри, а под хаубата се планира да работат бензински мотори со моќност до 300 КС и дизели до 240 КС. Студискиот автомобил од салонот има бандажи од 20 инчи и впечатливо дизајнирани диодни светла.

„Оваа студија го најавува правецот во којшто во иднина ќе продолжи нашиот дизајнерски говор: Едноставно и јасно“, резимираше главниот дизајнер Алесандро Месонеро на конференцијата за печат во Женева. „Напред се забележува големото лото на Seat, затоа што сме горди на ‘S’“, додаде тој.

Пазарот на спортски теренци и кросовери веќе со години бележи постојан и рапиден пораст. „Продолжуваме да растеме и во залет сме. Мораме да ги искористиме тоа“, изјави шефот Јирген Штакман, најавувајќи отворање на нови работни места. Од шпанската марка најавија дека во иднина ќе развиваат специфични апликации за мобилна конекција во соработка со гигантот Samsung.

Претходна објаваЖенева 2015: Брзото комби на Seat
Следна објаваСезоната наближува: Вака ќе го вратите велосипедот во форма

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here