за

Енергетски пијалок од прскалките за ветробранот?

Ќе помислевме дека секое средство за миење стакла е исто и нема што да се измислува повеќе. Nigrin нуди средство што го освежува возачот секогаш кога ќе ги вклучи прскалките.

Специјализираниот производител за средства за авто нега Nigrin разви средство за миење стакла со ефект на зголемување на будноста на возачот. Покрај вообичаените средства за чистење на стаклата и спречување на замрзнувањето на течноста, „енергизаторот“ на Nigrin содржи и етерични масла со поттикнувачко и освежувачко дејство, со што се зголемува концентрацијата на возачот. Развојот на автомобилите очигледно продолжува во сите правци, па ете и во садот за течност за миење на стаклата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десетте најевтини автомобили на македонскиот пазар

ВИДЕО • Вака се обива автомобил за 10 секунди