Електрични камиони стартуваат во Германија во 2017 година

Во Германија се тестираат камиони со електричен погон кои се напојуваат со струја преку троли, по примерот од железницата и тролејбусите. На тој начин се надминуваат недостатоците на електричниот погон во камионскиот транспорт.

На делница од автопат во должина од околу два километри, на оддалеченост од околу шеесетина километри од Берлин, може да се доживее необична глетка. На автопатот со две ленти нема сообраќај, а десно од патот, директно покрај банкината, поставени се столбови што носат висечки кабли над патот. Глетката станува необична кога ќе се приближи камионот што изгледа како од покривот да му израснале рогови. Тоа се троли што се допираат на каблите и го снабдуваат камионот со струја.

За престигнување, камионот ја спушта тролата и по враќањето во лентата, сензорите повторно ја подигнуваат тролата до струјните кабли. За тоа време, работи дизел моторот
За престигнување, камионот ја спушта тролата и по враќањето во лентата, сензорите повторно ја подигнуваат тролата до струјните кабли. За тоа време, работи дизел моторот

Станува збор за тест-патеката на Siemens, на која што двата камиона ја испробуваат техниката уште од 2011 година и по илјадници пробни возења сега се подготвени за пуштање по јавните патишта.

Тоа ќе се случи во 2017 година, откако потребната инсталација ќе биде поставена по делници од јавните автопатишта во Германија. Целта на проектот е да се намали оптоварувањето на животната средина со СО2 кој произлегува од транспортот на стоки. Државата предвидува дека овој транспорт ќе се зголеми за 40 проценти до 2030 година. Железницата може да покрие само една петина од ова зголемување на транспортот на стока, што значи дека главнината сепак ќе мора да се превезува преку патен транспорт.

Растечката потреба од камионски транспорт нема да влијае врз животната средина

Решението е камионите да се префрлат на погон на електрична енергија, што има смисла особено кога енергијата се добива од обновливи извори, на пример, од сонцето и од ветриштата. На тој начин, животната средина нема да се оптоварува со дополнителни количини на СО2 што инаку би произлегле од зголемената потреба за транспорт на стока.

Кога сензорите ќе препознаат дека камионот е близина на електричниот вод, тролата се подигнува автоматски или преку наредба од возачот
Кога сензорите ќе препознаат дека камионот е во близина на електричниот вод, тролата се подигнува автоматски или преку наредба од возачот

Актуелната „автомобилска“ техника на електричен погон сé уште има недостатоци за примена во камионскиот транспорт, затоа што батериите имаат недоволен капацитет и се тешки. Затоа, Siemens се повика на конвенционалното решение, со висечки кабли и со трола за преземање на струјата, по примерот од железницата и тролејбусите.

Електро-концернот реализираше соработка со производителите на камиони Volvo и Scania, испробувајќи различни варијанти на хибриден погон. Во зависност од димензијата на батериите и моќноста на електромоторот, камионите можат да совладаат кусо растојание без напојување со струја преку висечките кабли над патот. Кога батериите ќе се испразнат, се вклучува дизел моторот и се продолжува до следната електрифицирана делница. За престигнување, камионот ја спушта тролата, а при враќањето во лента, сензорите во тролата повторно ја подигнуваат тролата и ја допираат до каблите.

Тестирањето на оваа техника во практика се очекува да стартува во 2017 година, со поставување соодветна инсталација на делници од јавните патишта. На овој начин може да се покриваат на пример делниците од пристаништата до железничките товарни постојки. Сличен проект за демонстрација на техниката веќе е во изградба во близината на пристаништето во Лос Анџелес, во САД. За реализацијата секако дека ќе влијае и цената на потребната инфраструктура. Според досегашните студии, електрификацијата на автопатот во Германија би чинела 2,5 милиони евра по километар. Од друга страна, овие трошоци би се надоместиле со пониската цена на електричната енергија во споредба со нафтата.

Претходна објаваGeneral Motors ќе продава кинески Buick во САД
Следна објаваНовиот Lexus RX виси на кука: Специјална техника за кросоверот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here