Новиот Lexus RX виси на кука: Специјална техника за кросоверот

Престижната марка на Toyota користи неколку нови технологии во последната генерација на кросоверот RX, вклучувајќи и специјален систем што во свијоци прави чувство како возилото да е закачено на кука.

Една од повчепатливите технологии во новата генерација на Lexus RX е системот за контрола наречен Roll Skyhook. Овој систем е достапен само во верзијата F-Sport и поседува специјални стабилизатори во приспособливото подвозје, коишто страничното навалување на каросеријата во свијоци го сведуваат на минимум. На тој начин, возачот добива чувство како возилото да е закачена на невидлива кука што виси од небо. Оттаму доаѓа и името „Skyhook“.

Подвозјето е целосно преработено во споредба со претходникот, со нова задна оска со двојни попречни водилки. Предната оска доби и поцврст стабилизатор, кој придонесува управувањето да реагира подиректно. Покрај тоа, моделите со нивото на опрема F-Sport и Luxury поседуваат и приспособлива амортизација.

lexus rx roll skyhook (1)

Претходна објаваЕлектрични камиони стартуваат во Германија во 2017 година
Следна објаваКлавир-мајстори на Yamaha работат за ентериерот на Lexus RX

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here