Производителите на електрични автомобили започнаа бран на зголемување на досегот. Како еден од лидерите во електромобилноста, Renault наскоро ќе го понуди својот Zoe во верзија со досег речиси како на (жеден) бензинец.
Електромобилноста се пишува со големи букви и се спроведува во уште поголем манир во алијансата Renault-Nissan. Францускиот партнер во оваа водечка алијанса во електричниот погон на глобално ниво, наскоро ќе понуди нова верзија на Renault Zoe, со драстично зголемен досег. Лани, Renault веќе понуди верзија на Zoe со нов електромотор со зголемена ефикасност, што резултираше во продолжување на досегот на 240 километри, наспроти 210 километри во обичната верзија. Според Renault, во реални услови на возење може да се поминат до 170 километри со едно полнење на батериите.
Во текот на годинава ќе следи уште едно зголемување на досегот на Zoe. Се спомнуваат вредности од 350 километри според фабричките норми за електрични возила, што значи дека во реални услови на возење би можело да се смета на околу 300 километри.