Ексклузивен Mercedes-AMG A 45 за прослава на шампионската титула

Фановите што целата сезона во формула 1 ја минаа навивајќи за тимот во формула 1 на Mercedes, сега можат да се наградат со специјална изведба на A45 во чест на шампионската титула.

Mercedes ги прославува шампионските титули во конструктори и возачи во формула 1 со ексклузивен модел „Petronas 2015 World Champion“ на база на A 45 4Matic. Надворешни белези на ексклузивната серија на A 45 се зелените и црни ленти по каросеријата во стил на победничкиот болид F1 W06 Hybrid, а на тоа се надоврзуваат поголем сплитер и специјални ламели напред, како и заден спојлер инспириран од кралската класа во мотоспортот. За каросеријата стојат на располагање сива металик, поларно сребрена и магно-сива боја.

Деталите во петрол-зелената боја на Petronas се главен белег на специјалната серија на A45 4Matic
Деталите во петрол-зелената боја на Petronas се главен белег на специјалната серија на A45 4Matic

Бандажите од 19 инчи со вкрстени краци се лакирани во титански сива боја, со зелен прстен на обрачот на бандажот. Специјалниот модел дополнително поседува и „ноќен пакет“, седишта AMG Performance, како и пакети AMG Exclusiv и AMG Dynamic Plus.

Ексклузивен детал во внатрешноста е плочката на капакот на преградата во средишната конзола, со оригиналниот печат на тимот во формула 1. Воланот е обложен со микрофибер, со штепови во препознатливата зелена боја на тркачкиот тим, вклучувајќи и маркер на „12 часот“. Стилот на Petronas го надополнуваат зелени украсни штепови на потпирачите за рака и арматурната табла, зелени прстени околу отворите за воздух и зелени ленти на безбедносните ремени.

Моделот со 381 КС и забрзување до сто за 4,2 секунди ќе стартува со продажба во јануари 2016 и ќе остане во понуда до мај. Германската цена изнесува 65.402 евра, односно 66.819 евра во комбинација со „магно“ боја. Стандардниот A 45, кој неодамна имаше темелно моделско освежување во рамките на целата моделска серија, во ценовникот на Мак Аутостар чини 52.460 евра и со тоа е најевтина можност за пристапување во ексклузивната серија модели AMG.

Претходна објаваОвој центар на Porsche работи само со олдтајмери
Следна објаваRoewe Vision R: Оваа лимузина сака да биде кинеско Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here