за

Европскиот центар на Jaguar Land Rover се сели во Германија

Благородните марки од островската земја, Jaguar и Land Rover, ја преселуваат европската централа од Англија во Германија.

Новиот центар на Jaguar Land Rover уште во текот на оваа година ќе се пресели од Англија во Швалбах, во близина на Франкфурт. Таму ќе се отворат 60 нови работни места, најави Бернард Кунт, регионален директор за Европа. Од персоналот од Англија ќе се преземат само неколкумина, а повеќето ќе бидат нови вработувања.

Европскиот регион на Jaguar Land Rover ги вклучува сите земји од континентот, вклучувајќи ги Турција и Израел, како и британските острови и Русија. Од шеесетчлениот персонал, дваесетмина ќе бидат задолжени за увозниците. Целта е да се подобри координацијата на одделни пазари.

Jaguar и Land Rover се вбројуваат меѓу најбрзо растечките производители на автомобили во Европа. Во текот на оваа година, на глобално ниво ќе се отворат 90 нови продажно сервисни центри за двете престижни марки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата на Porsche порасна за 18 проценти

BMW за прв пат ќе добие ван во моделската понуда