Добро Mini добро стресува

Британската марка со малечките автомобили сака да се меша со народот, да биде постојано активна. Цел викенд Mini растресуваше по скопските улици

Кај Mini отсекогаш било јасно. Марката не ја чинат само автомобилите, туку и луѓето што ги прават автомобилите и работат за нив. Во случајов, главни актери во функција на доловување на смислата на животот на Mini, многу повеќе беа двете медицински сестри, помалку докторот што ги придружуваше, а некаде во средина, црвеното Mini.

Возилото и екипажот во текот на целиот викенд крстосуваа по улиците на Скопје и пред кафулињата во шема, и предизвикуваа состојба на стрес кај минувачите и гостите во кафулињата. Медицинските сестри, опремени со шарени лижавчиња, како алатки за преглед, и со беспрекорно стегната бела униформа никого не оставија рамнодушен.

Најчести дијагнози по предизвиканиот стрес беа загрижен изглед, апатичност, голем стрес, а како лекарства се препорачуваа еден круг релаксирачко возење со Mini, некогаш два круга, а во екстремни случаи и три круга со Mini, со соодветна музичка придружба.

[nggallery id=25]

Претходна објаваШпанската марка доби германски шеф
Следна објаваНовиот Mondeo со мотор како за Fiesta

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here