за

Дизел произведен од цревни бактерии

Британски научници располагаат со технологија за производство на дизел гориво со помош на цревни бактерии. Хемискиот состав на новото гориво е идентичен со дизелот од фосилно потекло.

Горивото кое што го произведоа британските научници може да се користи во автомобилските мотори без потреба од каква било модификација на техниката. Технологијата е само во почетна фаза, но ветува многу.

Основа за производството на дизел се слободните маслени киселини. Бактеријата ешерихија коли можат да ги преработат овие киселини во различни форми на јагленводороди, од кои што се состои дизелското гориво. Но, за тоа да успее, потребно е претходно да се изврши генетска модификација на бактериите.

За таа цел, тимот од научници под раководство на Томас Хауард од британскиот Универзитет Ексетер вметна гени од разни бактерии во генетскиот код на цревните бактерии. Во истражувањето учествуваа и научниците од центарот за технологија на Shell во британскиот град Торнтон.

Научниците прво ги одгледуваа бактериите во средина која што содржеше смеша од маслени киселини. Потоа бактериите произведуваа разни видови на алкани и алкени, кои што хемиски се идентични со оние во дизел горивото од фосилно потекло. На крајот, научниците ја модифицираа размената на материи на бактериите на тој начин бактериите сами да ги трансформираат сопствените маслени киселини.

Поголемиот број од биолошките горива кои што стојат на располагање денес мора да се преработуваат по производството. Тиа најчесто не одговараат за користење во актуелните мотори или може да се користат само во одреден процент на мешање во фосилните горива.

Цел на развојот беше токму добивање на гориво за кое што нема да постои потреба од подоцнежна доработка. Новата технологија секако ќе помогне за замена на дизелот од фосилно потекло со биолошко гориво кое што е неутрално во поглед на емисијата на СО2, односно за намалување на емисијата на гасови на стаклена градина за 80 проценти до 2050 година. Глобалната потреба од енергија е во постојан пораст и поседувањето гориво кое што е независно од промените на цената на нафтата и од политичката нестабилност се повеќе добива на значење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Десет степени на пренос и дизел со 136 КС по литар работна зафатнина од VW

Во овие градови е најскап превозот со такси до аеродром