за

Дефект кај 6-цилиндарците: BMW повикува половина милион возила во сервис

BMW отстуствува од списокот, марката е уште во потрага по нов увозник за македонскиот пазар

Поради можна грешка во држачите на моторот, BMW пред неколку дена отпочна сервисен повик во Кина и САД. Сега акцијата се проширува и во другите региони.

BMW повикува близу половина милион автомобили со 6-цилиндарски мотори во своите сервисни работилници. Постои можност да пукне еден од држачите на моторот и под одредени услови да предизвика сериозно оштетување на моторот. Баварците веќе го пуштија во јавност сервисниот повик за Кина и САД, каде што се продадени најголем број од погодените возила, односно околу 390.000 возила. На глобално ниво станува збор за 489.000 возила, произведени меѓу септември 2009 и ноември 2011. Повикот се однесува на сите моделски серии од тој период, односно сериите од 1 до 7, како и моделското семејство X3/X5/X6 и родстерот Z4.

Во последно време расте бројот на сервисни повици и бројот на возила на коишто истите се однесуваат. Заради намалување на трошоците, производителите вградуваат исти делови во повеќе модели и во голем обем. Поради тоа, дури и безначаен дефект може да има сериозни последици. General Motors и Toyota повикаа повеќе милиони возила во последниве денови, при што американскиот производител е во незавидна ситуација, поради обвинувањето дека дефектите кај возилата довеле до смрт на 13 лица. Чуден проблем имаше и Mazda. Кај Mazda6 имено постоела опасност да пукне резервоарот, поради потпритисокот што се создава од мрежите што ги плетат пајаците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia Duster го заработе првиот милион

Mercedes почна со сериско производство на електричната B-Class