Детроит 2015: Новиот Audi Q7 е ѕвезда на салонот

На Audi му припаѓа една од најважните премиери на салонот во Детроит. Новата генерација на Q7 доживува светска промоција токму во земјата на големите теренци. И тоа му успева одлично.

Audi го претстави новиот Q7 како светска премиера на салонот во Детроит. Спортскиот теренец настапува со изглед што е препознатлив за марките на германскиот концерн, со јасни и истро линии. Со тежина од 1.995 килограми во моделската изведба со трилитарскиот дизел, Q7 е најлесен автомобил во својата класа. Во тој поглед Германците постигнаа вистинска револуција. Новакот е полесен од претходникот за 325 килограми. Со тоа и потрошувачката на гориво се намали за 23 проценти кај дизелите, односно 28 проценти кај бензинците. Од купето TT потекнува виртуелниот кокпит, а за патниците на задната клупа има посебен таблет со знакот на Audi. Меѓу системите за асистенција има и помош за полесно справување со метеж на улиците.

Со трилитарскиот дизел со 272 КС, Audi Q7 3.0 TDI забрзува до сто за 6,3 секунди и во просек троши 5,7 литри дизел, додека бензинскиот модел Audi Q7 3.0 TFSI со 333 КС доаѓа до стотка за 6,1 секунди. Подоцна ќе им се придружи и верзијата со хибриден погон Q7 E-Tron Quattro, со дизел мотор и системска моќнмост од 373 КС и вртежен момент од 700 њутнметри. Со полни батерии, хибридниот Audi ќе може да мине до 56 километри само на струја.

Претходна објаваДетроит 2015: Shelby GT350-R е најбрзиот сериски Mustang во историјата
Следна објаваДетроит 2015: NSX повторно им држи лекција на суперспортските автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here