Во производсвеното портфолио на Honda се кријат многубројни „златни рудници“. Заедничката компанија со локалниот партнер Jualing го одбележа десетмилионитот производ од гамата на „Power Products“ од кинеско производство.
Десет милиони генератори, тревокосачки, вонбродски мотори, пумпи за вода, мотокултиватори и моторни коси се произведени во заедничката компанија на Honda и локалниот партнер Jialing во Кина. Honda стартуваше со производство за големиот пазар во 1994 година, со основањето на Honda Mindong Generator. Девет години подоцна, следуваше Jualing-Honda, ориентирана во производство на електричните уреди на Honda, за во јануари годинава обете компании да се спојат во Jialing-Honda Motors.
До 2013 година вкупната продукција на гамата „Power Products“ на Honda во Кина веќе имаше надминато пет милиони производи. По четири години, сега следува и вториот голем јубилеј, десетмилионитиот производ. Соодветно на големината на кинескиот пазар, импресивна е и бројката од 330 дилери и 75 сервисни центри.
Освен во Кина, производите се испорачуваат и во повеќе од 100 држави низ светот, вклучувајќи ги САД, Јапонија, како и земјите во Европа, Азија, Јужна Америка и Африка.
Личната карта на Jialing-Honda Motors Co., Ltd.
- Основана во: Јануари 1993
- Капитал: 41.7 милиони американски долари
- Удели:
60% Honda Motor Co., Ltd.
24.69% China Jialing Industrial Co., Ltd. (Group)
15.31% Honda Motor (China) Investment Co., Ltd. - Седиште: No.1 Guanyue South Road, Yubei District, Chongqing City
- Персонал: Околу 2.400 вработени
















