Десет малку познати факти од историјата на Lamborghini

Познато ви е дека првиот трактор на Ламборгини бил изработен со делови од стари германски тенкови? Историјата на спортската марка од Сант Агата е возбудлива исто колку и нејзините автомобили.

Автомобилскиот свет ја одбележува стогодишнината од раѓањето на човекот што стои зад една од најкултните спортски марки во историјата, на Феручио Ламборгини. Следат десет интересни и малку познати факти и митови од историјата на марката од Сант Агата Болоњезе.

Првиот Lamborghini не е создаден од инает за Ferrari

Многумина веруваат во приказната дека Феручио Ламборгини решил да го создаде својот прв спортски автомобил по караницата со Енцо Ферари. Вистината е дека станува збор само за добро осмислен маркетиншки трик. Караницата меѓу нив никогаш не се случила. Пред да ја основа спортската марка, Ламборгини бил богат индустријалец и успешен производител на трактори. Намерата со спортските автомобили била само да се поттикне продажбата на неговите трактори. Со добро осмислената приказна, Ламборгини го искористил големото име на Ferrari за самиот да стекне популарност – без потреба од ангажирање на скапа маркетиншка агенција.

Феручио Ламборгини со макета на првиот модел од неговата спортска марка, Lamborghini 350 GT
Феручио Ламборгини со макета на првиот модел од неговата спортска марка, Lamborghini 350 GT

Тракторите на Lamborghini биле изработени од тенковски делови

Дури во 1952 година, Феручио Ламборгини започнал да вградува сопствени мотори во тракторите од неговата продукција. Првите трактори од 1948 година биле составени главно од компоненти од преостанатите германски тенкови и од камионите на алијансата. Моделското име на тракторот гласело Carioche.

Првиот трактор од 1948 година бил изработен со делови од германски тенкови
Првиот трактор од 1948 година бил изработен со делови од германски тенкови

Бикот е хороскопскиот знак на Ламборгини

Традиција на Lamborghini е моделите да носат име според познати борбени бикови. Официјално објаснување не постои, но факт е дека Феручио е роден во хороскопскиот знак бик. По посетата на позната одгледувачница на борбени бикови, тој решил да го нарече својот прв спортски автомобил по сортата миура. Само три модели во историјата отстапуваат од традицијата: Espada, Silhouette и Countach. Првиот е наречен според копјето на тореадорите, името на вториот потекнува од една тркачка серија, а за името на Countach има посебна приказна.

Името на најславниот модел на Lamborghini е чиста случајност

Еден од моделите што има оставено најсилен печат врз историјата на Lamborghini, го има добиено името по чиста случајност. Непосредно пред премиерата на уште неименуваниот спортски автомобил со моделска ознака LP500 на салонот во Женева во 1971 година, откако еден од механичарите го здогледал жолтиот болид, извикал изненадено: „Countach!“ Во дијалектот на италијанскиот регион Пиемонте, тоа не значи ништо друго освен „грмотевици“, до што најблиску е изразот „сто му громова“ на нашите северни соседи. Често се греши околу изговорот: Countach не се изговара „каунтач“ или „каунтак“ туку „кунташ“.

Lamborghini LP 500 ќе останеше безимен доколку еден механичар не  свикаше „Кунташ“
Lamborghini LP 500 ќе останеше безимен доколку еден механичар не свикаше „Кунташ“

Ламборгини произведуваше и вина и уреди за климатизација

Немирниот деловен дух на Феручио Ламборгини доведе до тоа неговата фирма да се занимава и со трговија со вино и со производство на уреди за климатизација, а малку недостигаше да се појави и хеликоптер под знакот на бикот. По втората светска војна, фирмата почнува со производство на трактори, за потоа бизнисот да се прошири со клима-уреди и грејни котли. Ламборгини потоа се обидел и во производство на хеликоптери, но не добил лиценца од властите. Следат спортските автомобили, а потоа и вината во 1960-те години.

ferucio miura vino

Супертеренецот на Lamborghini беше далеку пред своето време

Претходникот на денешните суперлуксузни теренци LM002 првично беше замислен како возило за американската армија. Војската во земјата распиша тендер за возило што ќе го наследи Jeep и Италијанците се пријавија на истиот со прототипот Cheetah. Но, возилото беше конструирано и изработено толку површно, што буквално се распадна при тестирањата на армијата. Tогаш тендерот го доби Hummer.  Во 1981 година, Lamborghini повторно се врати на проектот и реши да го продава LM002 како престижен автомобил, но пазарот тогаш уште не беше подготвен за возило од таков вид. Денес е веќе поинаква ситуацијата. Доколку менаџерите на Volkswagen во меѓувреме не решат да го жртвуваат Urus како последица од аферата со издувните гасови, Urus наскоро ќе стартува на пазарот.

Кој е LM002, првиот супертеренец на Lamborghini?

Грејс Кели како бренд-амбасадор за Lamborghini

Во 1967 година, Грејс Кели, заедно со својот сопруг, принцот Рение од Монако, ја отвори трката за големата награда на Монако возејќи Lamborghini Mazal. Незаборавниот автомобил со целосно застаклени врати што се отвораа нагоре и со дизајнерски потпис од Bertone го одушеви целиот свет. Одненадеж сите почнаа да зборуваат за автомобилот на Грација Патриција, кој всушност беше замислен како студиски автомобил за салонот во Женева. Пред пет години, Marzal достигна цена од 1,5 милион евра на наддавање, со што тој стана еден од најскапите автомобили на Lamborghini.

lamborghini marzal bertone

Феручио Ламборгини се испроба и како тркач

Ламборгини беше голем љубител на автомобилскиот спорт и во 1948 година се појави на легендарната Миле Миља. За настап на трката, Феручио вгради мотор од 7,5 литри во Fiat 500 Topolino Barchetta. Со овој мотор, возилото достигнуваше 260 километри на час. Но, Италијанецот немаше среќа да ја заврши трката и се откажа по две третини од вкупната рута. Тоа беше и последно појавување на Феручио на автомобилска трка.

Lamborghini Centenario чини 1,75 милион евра и веќе е распродаден

Прочуениот Мистер Ламборгини случајно го доби најпосакуваното работно место

Име што се поврзува со 80 проценти од сите произведени модели на Lamborghini е Валентино Балбони, познат и како Мистер Ламборгини. Прочуениот тест-возач на спортските модели од Сант Агата, заслужен за „финалната нота“ на секој нов модел од куќата, сосема случајно го доби најпосакуваното работно место за секој автомобилски ентузијаст. Локалниот поп го понел со себе тогаш 18-годишниот Валентино Балбони во Сант Агата, за да го оттргне од селските улици. Балбони морал со часови да чека пред портите на фабриката на Lamborghini, сé додека не го пуштиле внатре. По една недела, Балбони почнал да работи како како практикант, за на крајот да напредува до тест возач на Lamborghini.

valentino balboni lamborghini

Директор вработен на производствената лента

Феручио Ламборгини кон крајот на 1962 година купи големо земјиште во Сант Агата Болоњезе, на околу 25 километри од Болоња, со цел да изгради голема и супермодерна фабрика. Како искусен индустријалец, тој точно знаел што треба да се направи. Управната зграда била изградена директно до производствената хала, за менаџерите секогаш да имаат контрола над производството. Тоа било идеално за Ламборгини, кој честопати самиот ги засукувал ракавите и ги поправал работите што сметал дека се извршени недоволно вешто.

Јапонски дилер бара десет милиони евра за Lamborghini Veneno

Единаесеттиот факт: Lamborghini не се изговара Ламборџини, туку Ламборгини.

Претходна објаваПродажбата на електрични автомобили во Европа порасна за една третина
Следна објаваМеѓународен собир на историски возила во Градскиот парк во Скопје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here